Владата на седница вчера одлучи овој продолжен викенд да има зголемена рестрикција за движење на граѓаните, односно полицискиот час да трае од недела во 11 часот, до вторник до 05:00 часот.
-Владата на Република Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот, стои во соопштението што вчера го испратија од владината прес-служба.
Денеска забраната за движење останува иста како и за сите други денови, односно од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.
Имено, претходно Комисијата за заразни болести до Владата поднесе предлог овој викенд полицискиот час да трае од сабота од 19:00 часот до вторник до 05:00 часот. (МИА)