Ангеловски: Субвенцијата од 14.500 денари ја добиле само 2.337 угостители, ова е многу мала бројка има огромен број фирми кои биле клалификувани, а не добиле помош

Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора при ССК, вечерва во Телевизија 24 истакна дека во моментов угостителскиот сектор преживува и наредните месеци ќе се работи со загуба, тој ги критикуваше мерките…

Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора при ССК, вечерва во Телевизија 24 истакна дека во моментов угостителскиот сектор преживува и наредните месеци ќе се работи со загуба, тој ги критикуваше мерките на владата, особено субвенцијата од 14.500 денари која вели дека ја добиле само 2.337 фирми од угостителскиот сектор, голем број фирми не добиле никаква помош, или добиле помош со многу помала вредност од бруто износот превиден.

-Од субвенцијата за 14.500 денари за фирмите, ја добиле 2337 само фирми од угостителство што аплицирале, ова е многу мала бројка, и тие што биле квалификувани сеуште не добиле помош. Она што требаше да се исплати бруто плата се исплаќа помала вредност, вели Ангеловски.

Тој објасни дека она што требаше да се исплати како бруто плата од тие 14.500 денари во пракса не се покажува така, не се исплаќа таа вредност за да се исплати бруто плата наместо тоа се исплаќа помала вредност, барем такви се информациите од терен, од колегите угостители истакна Ангеловски.

-Наредниве месеци ќе работиме во загуба, мерките ги предложивме за да можеме да ги задржиме бизнисите, но сега гледаме дека зборуваме за преживување не за профит, вели Агеловски.

Во однос на одјавувањата на вработените Ангеловски рече дека нема точна бројка, но дека во текот на кризата имало огромен број на отпуштање на работници, еден бран на одјавувања во март месец, кога немаше ни мерки,како што вели тој и искуството на терен е дека најчести прашања се дали доби некој нешто од мерките на владата кое и треба дополнително да се анализира.


Related Articles