Родилката што се претставила како доктор нема лиценца и не е во регистарот на Лекарската комора

Во врска со случајот со пациентката која пред породувањето била високиризична за присуство на коронавирусот, а дала лажни податоци во епидемиолошката анкета извршена во ЈЗУ УГАК и ПЗУ Ремедика, Лекарската…

Во врска со случајот со пациентката која пред породувањето била високиризична за присуство на коронавирусот, а дала лажни податоци во епидемиолошката анкета извршена во ЈЗУ УГАК и ПЗУ Ремедика, Лекарската комора на РМ на барање на ДСЗИ изврши проверка во Регистарот на лекари од причина што во моментот на престојот во двете здравствени установи пациентката се претставувала дека е лекар, информираат од Комората.

„Лекарската комора утврди дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари во РМ и не поседува лиценца за работа, ниту пак била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит. Лекарската комора нема информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните институции во земјава или странство.

Лекарската комора остро го осудува ваквото неодговорно однесување со кое пациентката ги загрозила здравствените работници, родилките и новороденчињата во двете здравствени установи, а однесувањето уште повеќе е неприфатливо доколку навистина се работи за медицинско лице, поради што апелираме до надлежните органи да продолжат со истрагата до целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението на Лекарската комора.


Related Articles