Состојбата со коронавирусот во Црна Гора е многу сериозна

Сања Меденица, Шефицата на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје на Црна Гора, утрово изјави дека епидемиолошката состојба во земјата е многу сериозна. Таа посочи дека локалното пренесување…

Сања Меденица, Шефицата на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје на Црна Гора, утрово изјави дека епидемиолошката состојба во земјата е многу сериозна. Таа посочи дека локалното пренесување е големо и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките што можат да го спречат ширењето коронавирус.

-Зголемувањето на бројката не е неочекувано, оваа моментална состојба го покажува нашето однесување од пред 10 до 15 дена. Нашите колеги ни кажаа дека граѓаните слабо се придржуваат до мерките и тоа се покажува сега, рече таа.

Зголемен е бројот на заразени лица и тоа ќе го има и во иднина, бидејќи последиците од сегашното однесување се очекуваат за две недели, вели Меденица. Ако има преклопување на сезонски и коронавирус, Меденица вели дека сите треба да бидат подготвени за тоа.

– Самиот грип е непредвидлив, од октомври до април, и ние следиме сè, но може да се појави во секое време. Може да се случи преклопување, но имаме вакцина против грип, а сè уште не и за коронавирус, рече таа.


Related Articles