Најновите истражувања покажуваат дека децата кои почесто си играат во природа или на зелени површини имаат посилен имунитет. Во време на техника и технологија многу е тешко младите да ги натерате да излезат од дома, а и кога се излезени најчесто зјапаат во мобилните телефони и уреди. Ова е случај и со најмладите, бидејќи брзото темпо на живот ги тера родителите подолго време да поминуваат на работа, со што најлесниот начин да го разонодат своето малечко е да му дадат во рацете да држи телефон или таблет.

На ваков начин не само што се губи социјалниот аспект, туку и имунитетот на децата се намалува. Научниците посочуваат дека децата кои си играат во природа, на нивната кожа и во системот за варење се развиваат микроби различни од оние кај деца кои минуваат помалку време или воопшто не си играат на зелени површини, на пр., в шума и слично.

Така, во западниот свет, сѐ поголем е бројот деца кои имаат автоимуни заболувања, како што се астма, дијабетес тип 1, воспаленија на цревата и мултиплекс склероза. Се претпоставува дека главната причина за ова е тоа што децата се сѐ помалку изложени на микроби, што порано не беше случај. Последицата е, недоволен развој на имунитетот.

Поврзаноста меѓу микробите и развојот на имунитетот и претходно беше тема на истражување. Истражувачите сега само потврдуваат дека е можно подобрување на имунолошкиот систем ако се промени животната околина на децата од урбаните средини.