Државниот секретар во Министерството за здравство на Словенија, Франц Виндишар, денска изјави дека состојбата со епидемија од Ковид-19, што беше прогласена на 18 октомври лани, при вториот бран, веќе нема да се продолжува.
Бидејќи Словенија се уште не е во безбедната „зелена“ зона, според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC), во сила остануваат заштитните маски во затворен простор, дезинфекцијата на рацете, физичката дистанца и некои други мерки, а присуството на некои групни настани е можно само за вакцинираните, оние кои прележале Ковид-19 или лицата кои ќе обезбедат нов негативен ПЦР тест.
Според последните податоци, во словенечките болници има 122 пациенти, што е најмала бројка од 7 октомври, а владиниот стручен тим ќе продолжи еднаш неделно да ја разгледува епидемиолошката состојба и во зависност од ситуацијата, ќе предлага препораки поврзани до Ковид-19.
– Зад нас е една тешка 1,5 година. Епидемијата не стави пред многу искушенија. Ќе ги надминеме со соработка и солидарност, но се уште не сме ја минале целта, кажа Виндишар.