Бананата е моќно овошје коешто е исклучително корисно за здравјето, а според некои познавачи и експерти, таа е и најдобриот пријател на убавината. Бананата содржи многу калиум, витамини Ц и Б-6, и е корисна за здравјето на косата и кожата. Калиумот во овошјето ја храни сувата кожа, како и сувата коса, а тоа е идеално решение за убавина.

Предноста на бананите е што се лесни за консумирање, т.е. лупење и јадење… Може и да се сечкаат, а парчињата да се користат како маска за лицето. Бананата има обновувачки својства што ги отстранува штетните последици од хемиските третмани и обојувањето на косата.

Бананата може да се меша со урда – како смеса за на кожата. Луѓето кои имаат проблем со сува коса можат да ја користат истата смеса. Може да се додаде и лажица чист глицерин или мед. Бадемовото масло, исто така, има ист ефект врз косата. Маската се прави така што бананата се гмечи, се додава урда и мед, а потоа се меша додека не се добие мазна паста. По 30 минути од нанесувањето, косата треба да се исплакне. Истата маска може да се користи и за лицето.

Бананата, исто така, може да се меша со друго овошје – јаболка, портокали и папаја. Папајата е богата со ензими корисни за отстранување првут. Портокалот содржи витамин Ц, а тој е одличен за комбинирање со банани. Јаболката, исто така, имаат ефект на чистење и затегнување на кожата. Бананата е дефинитивно еден од најхранливите и најздрави видови овошје, не само за телото, туку и за косата и кожата.