Првиот чекор кон здрав репродуктивен систем е одржување на рамнотежа на хoрмоните. Иако многу фактори влијаат на можноста да ја добиете улогата родител, здравиот начин на живот и правилната исхрана се едни од поважните.

Авокадо: Ова овошје содржи доста незаситени масти кои можат да ја зголемат плодноста. Имено, едно истражување покажало дека жените чија исхрана е богата со овие масти, а кои биле вклучени во програмата за вештачко оплодување, имале три пати поголем успех во обидите за забременат.

Семки од сончоглед: Препуштете му се на уживањето во овие грицкалки барем три пати неделно. Богати со цинк, семките од сончоглед помагаат во одржувањето на рамнотежа на репродуктивните хормони и влијаат позитивно врз квалитетот на јајце клетките.

Цимет: Овој ароматичен зачин има способност за намалување на инсулинот и зголемување на шансите за зачнување во плодните денови.

Јајца: Подгответе си поширани јајца или меко варени, но избегнувајте омлет. Жолчката која не е тврда содржи повеќе витамин Д и Б6 кои се заслужни за зголемување на лачењето на прогестеронот, хормон кој игра важна улога при зачнувањето.

Хељда: Семето од хељда е богато со материи кои кај жените го намалуваат инсулинот и тестостеронот, а со самото тоа ја зголемуваат можноста за зачнување во време на овулацијата.