Досегашните директори Магдалена Филиповска Грашкоска и Асаф Абдурамани како в.д. директор, им ја предадоа денеска должноста на новите в.д директори – Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата, информираат од Фондот за здравствено осигурување – ФЗО.
„Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот ‘Свети Кирил и Методиј’ во Скопје и е со 30-годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор.
Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот“, се наведува во соопштението.