Македонскиот претседател Ѓорге Иванов прославата на Илинден на Мечкин Камен ја искористи за говор во кој жестоко се пресмета со актуелната влада и уште еднаш го отфрли Договорот со Грција.
Во говор кој изобилуваше со критики и обвинувања на сметка на владата, Иванов го спореди Договорот со Грција со признавањето на Тајван од страна на владата на Љубчо Георгиевски во 1998 година.
Тајванската авантура, според Иванов, била резултат на „среброљубие“, додека Договорот со Грција е „резултат на славољубие“. Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски пак го обвини претседателот дека со говорот ширел омраза и нетрпеливост.
Ако некој се дрзне на ден празник, ИЛИНДЕН, празник најголем за секој македонец, тогаш да ја каже вистината, да каже дека не се согласува со ставовите на владата или пак дека актуелната влада ја продава државата, македонштината и никој од нив при тоа не мисли на иднината, на историјата, на луѓето кои се бореле да го имаме денес ова што го имаме, ако некој макар и за момент го искаже својот став веднаш е тоа говор на омраза, како да не, не е точно министре Манчевски, тоа се вика став и слобода на говор!
А да се прашаме министре, дали не е говор на омраза најголемиот празник во Македонија, ИЛИНДЕН, да се празнува во Бугарија, Во Пелинце да се игра шота, да се пее албански песни на ден кој е значаен само и само за Македонците, потсетникот за ослободувањето од 500-то годишното ропство, на тој ден некој да си игра со националните чувства на македонците, тоа не е говор на омраза. Г-не Манчевски, малку повеќе отворете ги очите, излезете од партиските перења на мозок и слепо читање на пишаните состави од штаб, тоа е говор на омраза кон татковината, тоа што вие заедно со колегите во актуелната влада го правите, не е тоа литературно дело, предавство е г-не министре. А тоа што го слушате и ви ги распарува ушите, не ви одговара ниту на вас ниту на колегите сопартијци, тоа е гласот на народот, тоа е ставот на Македонија, на македонците, тоа сме ние граѓаните г-не министре и гласно размислуваме – посочија директно од Крушево илинденците!