За оваа учебна година 2019/2020 се укинува полагањето на Државна и училишна матура, како и завршниот испит во средните училишта, објави министерот за образование, Арбер Адеми на денешната прес конференција.
Како што кажа Адеми сите ученици ќе добијат диплома за завршено средно образование која ќе важи исто како и дипломите издадени во минатите учебни години.
Адеми објави и дека основците и средношколците до крајот на школската година нема да се вратат во училишните клупи. Наставата, додаде Адеми, ќе продолжи како и досега, преку интернет.