За тоа колку луѓе има во хотелот и до кога истиот ќе биде во изолација, Филипче појасни дека ќе се делува согласно резултатите.

Двата сомнителни случаи на заразени со коронавирус се Австралијанец и лице од Сингапур, кои од утрово се во изолација во хотелска соба во Скопје, на 28. февруари пристигнале од Келн во Македонија, а за 2-3 часа ќе се знае дали се заболени. Сега епидемиолозите ги прашуваат со кого се сретнале и каде се движеле откога пристигнале во Македонија, изјави на денешната прес-конференција во Владата министерот за здравство, Венко Филипче.

Според првични сознанија, тие неколку дена не излегувале од хотелската соба, рече министерот, а три дена имале симптоми слични на настинка.

– Мерките што ќе ги преземеме понатаму ќе бидат согласно резултатот – дали се негативни или позитивни на тестот. На лице место епидемиолои прават разговор за  контактите коишто ги имале и што правеле. Земени им се брисеви и веќе се тестираат, а за 3-4 часа ќе имаме резултати. Ќе ја известиме јавноста, а двајцата гости ќе останат во хотелската соба каде се сместени – рече Филипче.

За тоа колку луѓе има во хотелот и до кога истиот ќе биде во изолација, Филипче појасни дека ќе се делува согласно резултатите.

– Ако тестот е негативен на коронавирус, странците ќе се упатат на лекување во Инфективната клиника на обичен оддел, ако се позитивни ќе делуваме согласно алгоритмот за постапување во вакви ситуации. До резултатите ќе стигнат и нивни одговори на прашанја, па ќе постапиме согласно тоа – додаде Филипче.