Д-р Сасан Рафи, лекар од Америка спроведе детално истражување за белодробна фиброза, што сега се поврза со коронавирусот. Тој тврди дека илјадници Американци хоспитализирани со вирусот се соочуваат со темпирана бомба дури и по закрепнувањето. Рефи 15 години студирал болести на белите дробови и предупредувал на претстојната здравствена криза што може да го засени вирусот на корона на долг рок.
Белодробна фиброза е болест која се јавува кога ткивото на белите дробови е оштетено од агресивното дејство на вирус како што е ковид-19. Болеста го задебелува ткивото и го отежнува функционирањето на белите дробови и размената на кислородот и може да доведе до респираторни проблеми.
– Пациентите со белодробна фиброза имаат прогноза од три години, што е полошо и од ракот, а во моментов не постои оптимален третман, рече докторот. Тој додаде дека дури и ако пациентот преживее хоспитализација и го победи вирусот, тоа може да доведе до долгорочни последици, како што е фиброза.
– Она што е важно е да направите скенирање на белите дробови за да видите дали има фиброза, бидејќи тоа е прогресивно заболување што значи дека се чувствувате добро, но всушност вашата состојба се влошува, додаде докторот.
Д-р Рафи посочува дека некои пациенти можеби ќе треба да зависат од вентилацијата до крајот на животот, додека на другите можеби ќе им треба трансплантација на белите дробови.