Две нови истражувања објаснуваат зошто чувањето на куче допринесува за подобро физичко здравје, особено кога станува збор за заздравување.
Според една нова студија и анализа, чувањето куче е поврзано со живеење на подолг живот, особено кај оние кои преживеале срцев или мозочен удар.
Првата студија идентификувала пациенти од шведскиот национален регистар на пациенти, на возраст помеѓу 40 и 85 години кои преживеале срцев или мозочен удар во периодот помеѓу 2001 и 2012 год. Од 181 696 индивидуалци кои преживеале срцев удар , 5.7% биле сопственици на куче, додека од 154 617 кои преживеале мозочен удар, 4.8% биле сопственици на куче.
Научниците откриле дека, во споредба со оние кои не чувале куче, ризикот од смрт кај оние кои преживеале срцев удар а чувале и живееле сами бил за 33% понизок. Во споредба со тоа, ризикот од смрт кај сопствениците на куче кои живееле со партнер или дете бил за 15% понизок. Слични бројки биле откриени и пак пациентите со преживеан мозочен удар – 27% и 12%.
Авторите на студијата претпоставуваат дека резултатите се должат на фактот што луѓето со кучиња се повеќе активни и помалку осамени. Мета-анализата вклучувала евалуација на 10 студии објавени помеѓу 1950 и 2019 кои ја истражувале поврзаноста помеѓу чувањето на куче и целокупната смртност, каде било откриено дека чувањето куче било асоцирано со 24% намалување на ризикот од морталитет од било која причина.