Доколку во семејната историја иамте прерана смрт поради кардиоваскуларни проблеми, мора да сте повнимателни и да направите некои прегледи со време, бидејќи генетиката е од големо значење за срцевите заболувања, вели проф. д-р Петар Сеферовиќ, познат српски кардиолог, кој за оваа тема зборуваше во интервју за РТС Ординација.
Тој потенцираше дека високиот крвен притисок бара посебно внимание.
- Денес високиот притисок може да се лекува, доколку се открие навреме. Не додавајте премногу сол во вашата храна, одржувајте го крвниот притисок во рамките на 140/90. И не го мерете притисокот опсесивно секој ден, двапати неделно е доволно и најдобро. И, дефинитивно не се мери наутро, зошто тогаш е највисок. Најдобро е да го измерите некаде после пладне или околу шест часот попладне, советува кардиологот.