Се сомневаме дека хемикалиите кои се останати во Охис не се уништуваат туку се препакуваат и се препродаваат, обвинија денеска поранешните вработени во фабриката. Велат имаат и фотографии како доказ и бараат средби со надлежните од фабриката со надеж да добијат одговори за тоа дали челниците на фабриката се богатат на нивен грб.

Ние бараме увид во фабриката бидејќи имаме сомневања дека тоа се препродава…Групата ..како и да се вика, земаа од нас 2 милиони евра за тоа чистење. Сега имаме сомневања дека тоа се препродава, вели Драги Ѓоревски кој е поранешен вработен во Охис.

Велат чудно е што извештајот за што се случило пред десетина дена во фабриката го нема. Вработените посочија дека имаат нејаснотии дали навистина контаминираната вода која истече содржела метил акрилат или некоја друга хемикалија, оти според нивното искуство метил акрилатот не мирисал така како дента кога пукна вентилот од цистерната која се чистела.

Нешто друго чепнале, нешто друго отвориле, некој вентил што не треба или некој капак од некој резервоар. Тие мономери се атомска бомба, тие пукаат и тоа е многу опасно, истакна Ѓоревски кој работел токму на резервоарите со метил акрилат.

Но одговор на прашањето дали истекол метил акрилат и колку тони контаминирана вода истекле 2,6 или 11, како и колку хемиски материи испариле во воздух нема. Се уште се чека извештајот каде точно ќе се утврди што се случувало и кој ќе ја сноси одговорноста за хаваријата, односно инцидентот како што го нарекуваат надлежните.

Но извештајот го нема, се поставува прашањето кој купува време со одолговлекувањето на објавување на истиот.

Според извештајот на Универзитетот Св.Кирил и Методиј од 2017 година утврдено е дека во фабриката тогаш имало околку 20 тона на хемикалии од непознат состав како и десетици тони на винил хлорид, метанол,метилакрилат мономер,пероскиден иницијатор..

Од министерството не одговараат на телефонски повици така да ја користиме можноста јавно да ги поставиме прашањата: Дали се исчистени овие хемикалии и ако се од која фирма? Дали истата поседува лиценца за вршење на таа должност и дали во целост ја испочитувале препораката на Универзитетот за итно чистење со што би се избегнало нарушување на животната средина и здравјето на скопјани.