Долготрајното пиење кафе не ја зголемува смртността. Истражувачите Естер Лопез-Гарсија од Универзитетот во Мадрид, Шпанија следеле 84 214 жени од 1980 до 2004 година и 41 736 мажи од 1986 до 2004година, сите од Америка.

Тие заклучиле дека редовното пиење кафе- до шест филџани дневно – не е поврзано со зголемена смртност кај испитаниците од средна возраст. Всушност, кафеџиите, особено жените, за 25% имаат помал ризик на смртност кога се во прашање срцевите заболувања. Кај мажите е забележан помал процент на намален ризик, кога се во прашање срцевите заболувања,кој не е статистички значаен. Студијата покажа дека нема поврзаност помеѓу пиењето кафе и смтрноста од канцер.

kafe

Испитаниците во студијата немаа историја на кардиоваскуларни заболувања или канцер. Постоеше дебата помеѓу научниците околу здравсатвените ефекти и пиењето кафе, кое всушност го содржи стимулансот кофеинот како и  голем број други важни состојки.