Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во интервјуто за порталот Алмакос истакна дека со укинувањето на квотите за лекови на рецепт сега лекови има во кој било ден од месецот.
„Анкетите и анализите покажуваат дека граѓаните се навистина задоволни, пред сѐ постарите граѓани и пензионерите, коишто имаат поголема потреба од лекови. Лек има во кој било ден од месецот. Тоа е мерка којашто во еден од државата, во некои региони донесе дури и рационализација. Конечно пациентот го ставаме во центарот на вниманието. Матичниот лекар се фокусира на пациентот, на неговиот преглед, рационалното трошење и препишување на лекови, а дуплата контрола во сериозна рационализација на средствата коишто Фондот ги троши и дава за реализирање на рецептите кои се издадени од матичните лекари“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека ова е дел од една многу поширока реформа во примарното здравство.