Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференцијата за хепатит Ц изјави дека македонските граѓани ќе се здобијат со лекови кои се многу поскапи и поефикасни и дека тоа е за нивен бенефит, посочи дека невладината организација Директ Рилиф, се погрижила за тоа и донирала 19 милиони долари во лекови за Македонија за лечење на Хепатит Ц. Знаејќи ја информацијата дека во Македонија има само 200-тини регистрирани пациенти зошто е направена толкава донација и дали е тоа само параван за некаква работа во позадина?
Не постоеше ли некаква друга алтернатива, дали не постои доволно голем буџет во министерството или пак во владата, кои секојдневно се фалат дека економијата во државата е на завидно ниво и расте, цвета и се развива, ако е така зошто тогаш лековите мора да ги чекаме и да ги добиеме по пат на донација, неможе ли да се стават на позитивната листа на лекови, ако не се ставени или неможе да бидат ставени тогаш неможе ли министерството да набави лекови во помала количина за овие 200-тини пациенти самостојно. Лекот и така ветува 95% успешност со што автоматски би се намалила и бројката на заболени лица од Хепатит Ц или со лекот едноставно сето тоа повеќе контролирало.
Дали лекот е од неодамна излезен на пазарот, па министерот сега го гледа и дознава, па го добива како донација или лекот е одамна, ама воопшто не помислил министерот Филипче да набави помодерен, поефикасен лек за лицата заболени од Хепатит Ц? Се додека некој не му понуди донација и му каже како може да од ова да се профитира. Бидејќи целата донација е многу чудна, ако направите проста математика и 19 милиони долари ги поделите на 200-тини пациенти и ако тие лекови се користат како терапија само еднаш месечно еден лек, вакцина, терапија во тој случај чини 95 илјади долари, доколку мислите дека тоа не е точно дека треба терапијата да трае минимум шест месеци и повторно да биде со интензитет еднаш месечно како апчиња, вакцина или друга форма на лек во тој случај една ваква доза по човек би чинела 15.833 долари или за шест месеци 95.000 долари или за сите 200-тини пациенти 19 милиони долари. Ако е така тогаш е навистина скап лек!
Вистината е дека терапијата со овој нов лек кај болните од Хепатит Ц трае од 8-12 недели или 2-3 месеци, доколку патите од цироза или други оштетувања на црниот дроб во тој случај најмногу што може да трае терапијата е 24 недели или 6 месеци. Па вие како граѓани пресметајте каква е веселата математика која ја презентира министерот Филипче, која е со корени од владата која во моментот ја води државата и ќе ви стане јасно дека така чисти не се работите и дека некој нешто не кажува. Нашата екипа истражувајќи наиде на лековите кои се ефикасни и се од новата генерација на лекови кои се користат против борба со Хепатит Ц, така да очекувајте во најава еден од овие лекови да биде донесен преку министерот во нашите болници и овие лекови не чинат 15 и повеќе илјади долари за еден месец терепија, кој не верува нека провери на интернет.
Хепатитот Ц како болест го напаѓа црниот дроб, тоа може понатаму да се развие во Цироза со поголеми оштетувања на црниот дроб доколку не се третира, во моментот терапијата која е понудена има повеќе несакани ефекти од донираната терапија и само 40% успешност. Додека новата донирана терапија нуди 95-100% излекување и доколку пациентот пати од Цироза и во голема мера обновување на црниот дроб. Но, тоа што не се кажува е колку точно чини, зошто ние имаме добиено донација од 19 милиони долари и како се вика лекот од кој производител е и да не е донација како инсулинот што беше во Август со рок до крај на Септември, па ние чисто да го собереме тоа што е со крај на рок или при крај од светот за да може трошоците на тоа што ќе остане како лек ние да го платиме од државната каса да правилно се уништи или складира како неупотреблив лек.
Нашата екипа беше на лице место на пресот и на министерот му ги постави прашањата за набавка, дали мора да биде толкава донацијата, зошто лекот не е на позитивната листа и неможеме ли ние како министерство како држава да ги набавиме тие лекови за тие регистрирани 200-тини заболени со Хепатит Ц. Меѓу другото министерот посочи дека лекот е многу скап, дека за на позитивна листа да се стави било голема процедура и не идело тоа така и најинтересното што го кажа е дека подобро лековите што можеме да ги добиеме со донации да ги земеме, на тој начин парите од буџетот ќе може да ги насочиме на оние места каде што е потребно.
Зошто тогаш г-не Филипче, на клиниката за детски болести во неколку наврати нема сапун и тоалетна хартија ако вие гледате со парите што остануваат да помогнете на друго место каде е потребно? Зошто тогаш ако сте заштедиле на лековите 19 милиони долари не го дадете покачувањето на медицинскиот персонал да биде исто како и со тоа на докторите? Зошто ако мислите на пациентите и сте заштедиле пари со оваа донација неколку апарати како ангиографи, скенери, мамографи не работат низ државата па пациентите се цело време препраќани во првото најблиско место за таа услуга? Зошто ако имате средства пациентите на Ортопедија ќе мора да чекаат за операција до 2019-та, зошто не се забрза работата со реновирање на операционите сали и да се зголеми бројот на екипи и работата да се заврши во пократка временска рамка? Зошто пациентите и посетителите мора да се дават во смет и отпад ако има средства ангажирајте соодветна екипа да се грижи за чистотата на клиничкиот центар? Зошто ако не е пипнат буџетот на министерството за здравство не го насочите кон тоа да не ви бегаат веќе изградени доктори и медицински персонал од државните клиники инвестирајте во нивно надоградување, едукција, усовршување, бенефити, мотивација? Зошто ако имате повеќе пари останато со донациите не ги насочите кон ангажирањето на поквалитетен кадар, купување на опрема? Што е тоа што како опрема сте го купиле во изминатата година и за која институција?
Најинтересното во целиот случај со Хепатит Ц е тоа што се повеќе започнуваме да добиваме донации наместо да купуваме лекови, добиваме лекови со рок пред крај или само што ќе помине и невладината преку која ги добиваме е ПХМ-ЦЕЕ која од 2015-тата година функционира и е во тесна соработка со Директ Рилиф, невладината која сега донира 19 милиони долари во лекови за болните од Хепатит Ц. Како што знаеме од пред некој месец кога се доби донацијата со инсулинот со скоро поминат рок, еден од основачите на невладината ПХМ-ЦЕЕ е министерот за здравство, Венко Филипче, кој во соработка со Директ Рилиф во 2016-тата година донел донација лекови на клиниката за онкологија во вредност од 900 илјади долари.
Невладината организација на Филипче на интернет може да се провери дека е со седиште во Македонија и се грижи за економските, социјалните, како и други потреби на владите во земјите од регионот на Централна и Источна Европа и Заедницата на Независни Држави. Освен нив работи и во државите во Централна и Источна Европа, работи и во 11 земји поранешни советски републики како Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан, Узбекистан, Туркемистан.
Кога ќе ни објасниш се г-не Филипче, овие работи не изгледаат кристално јасни и чисти – прашува јавноста, загрижените граѓани преку социјалните мрежи, прашуваат пациентите?