Согласно плановите за вработување во јавно здравствените установи и финансиите со кои располагаат веќе се спроведува трансформација на договорите на сите здравствени работници од определено на неопределено време.

– Некаде се спроведе или е при крај трансформацијата, некаде сега течат процедурите, а некаде ќе мораме да почекаме да дојде следната година, заради тоа што дел од тие не биле влезени во планот за вработување. Но, остануваме на ветувањето и за сите за кои нема тоа да се случи оваа година ќе се заврши во 2020 година со цел сите вработени во јавното здравство да бидат на неопределено време – додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата за Предлог-буџетот на Министерството за здравство за 2020 година.