Во алармантна црвена боја утринава се обоени мерните станици кои го мерат загадување во Македонија.
Загаденоста на воздухот е исклучително висока утринава во Гостивар каде се измерени 983 µg/m3 ПМ10 честички.
Високо ниво на загаденост утринава има и во Скопје, кај Ректоратот се измерени дури 425 µg/m3 ПМ10 честички.
Во Лисиче пак се измерени 155 µg/m3, а во Карпош високи 118. Ситуацијата е сериозна и во Тетово каде утринава се измерени 110 µg/m3 ПМ10 честички.