Времето во земјава ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Локално во југоисточните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8 степени, а дневната од 5 до 15 степени.

Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Во текот на идната недела ќе настапи стабилизирање на времето.