Според астролозите, одредени хороскопски знаци уживаат во Денот на вљубените и со задоволство го прославуваат, додека пак другите не можат да го поднесат.
Овие знаци го мразат Св. Валентин со целото срце:
Јарец – иако се романтични, многу ги нервира вештачката еуфорија и претерувањето со скапи подароци.
Водолија – овој ден е сè што Водолиите мразат во врските, љубовта и подарувањето непотребни рози, играчки и персонализирани вина.
Овен – нив не им треба оваа парада од празник за да покажат како се чувствуваат, а повеќе би сакале да пијат мирно кафе со саканата личнсот, отколку да одат на скапи вечери.
Стрелец – за нив е повеќе од јасно дека не го сакаат Денот на вљубените, но на сметка на тоа во остатокот од годината нивниот партнер се чувствува како секој ден да е Св. Валентин.
Од друга страна, ова се најголемите обожаватели на овој празник:
Бик – ако сте во врска со Бик, очекувајте дека Св. Валентин ќе биде вашиот најстраствен и најромантичен ден во годината, бидејќи за саканата личност се подготвени да направат сè.
Рак – тие не се најјасни во искажувањето чувства, но сами пред себе точно знаат што чувствуваат, па овој ден ги исполнува со неверојатно романтично расположение.
Лав – не е воопшто чудно што ги привлекува празник во кој материјално можат да покажат љубов кон партнерот, а сето тоа ќе го направат на уникатен и специфичен начин, кој партнерот нема да го заборави никогаш.