Благодарение на микроорганизмите кои ги содржат, пробиотиците се многу важни за чување на здравјето. Го зајакнуваат имунитетот, позитивно делуваат на варењето, а важни се и за убавината затоа што со нив вашата кожа и коса ќе заблескаат. Обидете се да консумирате барем еден пробиотик дневно, а ние ви откриваме неколку кои се најдобри за вас.

Јогурт

Нискокалоричен јогурт без конзерванси и адитиви е одличен избор. Јогуртот содржи бактерии кои му помагаат на организмот да функционира добро, да ја регулира цревната флора и да поттикнува варење.

Кефир

Богат е со витамини и пробиотици. Вкусен е и е одличен извор на здравје, па затоа дефинитивно би требало да го вклучите во исхраната.

Темно чоколадо

Чоколадото содржи пробиотици, антиоксиданти и го стимулира дигестивниот систем. Освен тоа, докажано е дека нè прави посреќни. Ви треба уште некоја причина да уживате во дневна доза на чоколадо?

Маслинки

Овој пробиотик е сигурно еден од највкусните. Има бројни придобивки за организмот, а можете да го јадете на безброј начини.

Кисели краставички

Овој пробиотик одлично оди со скоро секое јадење. Бидејќи се добри за здравјето и варењето, дефинитивно треба да ги јадете што е можно почесто.