Изненадувачки или не, новите истражувања откриле дека одредени професии носат поголеми ризици од лошо кардиоваскуларно здравје за жените кои ги извршуваат.
Според првичните сознанија на истражувањето, претставени на конференцијата „ American Heart Association’s Scientific Sessions 2019“ на Американското здружение за срце во Филаделфија, социјалните работници, медицински сестри и други здравствени работници и касиерки имале посиромашно здравје отколку жените вработени на други работни места.
Студијата опфати 65.000 жени во постменопауза, со просечна возраст од 63 години, но и 20 најчести професии. Според податоците, односот на гореспоменатите професии со други работни места изгледал вака:
Социјалните работнички имале за 36% поголема веројатност да се соочат со кардиоваскуларни проблеми.
Касиерките во малопродажба имале поголема веројатност од 33%.
За медицинските сестри, овој ризик е за 14% поголем од другите професии.
Вработените во други гранки на здравството имале 16% поголема веројатност да развијат проблеми со срцето.
Наспроти тоа, претставниците на продажба и агентите, но и секретарите, имаат најмал ризик од кардиоваскуларни заболувања.