Во првите три месеци од 2018 година, Аpple, успеа да продаде дури 16 милиони примероци од моделот iPhone X, објави агенцијата за истражување на пазарот на смартфони, Strategy Analytics.

iPhone 8 и iPhone 8 Plus го заземаа второто и третото место од оваа листа и се продадени во 12,5 милиони примероци, односно во 8,3 милиони.

„Веќе втор квартал по ред, iPhone X, останува најпродаваниот смартфон на светот првенствено поради совршениот дизајн, софистицираната камера, прилагодените апликации и поради останатите врвни карактеристики“, вели Џух Винтер, сениор аналитичар во споменатата агенција.

„Apple досега продаде речиси 50 милиони примероци од моделот iPhone X, откако тој беше пуштен во продажба во ноември 2017 година“, додава Винтер.

Xiaomi Redmi 5A и Samsung Galaxy S9 Plus се најдоа на листата на најпродаваните андроиди, со 4,5 милиони, односно, 5,3 милиони продадени уреди ширум светот.