Наместо напредок во лечење на ретките болести, оваа година во знакот на доцнење на лековите, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„‼️Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена оваа година се дочекува со лоша вест – доцни набавката на лекови. Лицата со ретки болести и онака се борат секојдневно за лек, бидејќи се соочуваат со недостаток за повеќето од стотина ретки болести
❗️Тендерот за лекови за лицата со ретки болести планиран да почне во јануари објавен е дури 20 февруари тоа значи дека одреден период или неколку месеци овие лица може да останат без лекови
❕Каква е фактичката ситуација? Објавата планирана за јануари годинава доцни месец и пол што значи тендерот кој е објавен на 20.02 ќе трае до 20.03, потоа следи оценка до 20.04 по што следи одлука за избор на фирма, потоа управна контрола која трае 10-15 дена и по истата рок за жалба од 8 дена.
❗️Оттука во идеален случај договорите ќе се готови крај на мај, почеток на јули или реално е, имајќи ги во предвид приликите во Македонија, да се очекува договорите да се готови крај на јуни или почеток на јули
Или лековите ќе доцнат отприлика три месеци или наместо во март ќе ги има според проценките, и поради доцнење на тендерот, на почеток на јули“, стои во нивниот пост на Фејсбук.