Во организација на центарот за управување со промени денес ќе се одржи конференција под мотото „Итни потреби и приоритети за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравје“ на која што ќе присуствува и свое обраќање ќе има министерот за здравство Венко Филипче.
Настанот се организира по повод светскиот ден на здравјето 7-ми Април и во пресрет на тој ден оваа конференција треба да ги зачне и стартува дискусиите и разговорите за социјалните услуги за децата и лицата со посебни потреби, за активните мерки за вработување, за висината на пензиите и евентуалната потреба од промена на актуелниот пензиски систем.
Колку се дел од овие проблеми важни за да се започне со нивно менување или промена останува да покаже времето и тоа што ќе го донесе и остави позади себе како одлука актуелниот министер за здравство Венко Филипче.