Ситуацијата со коронавирусот во Македонија излезе од контрола, а министерот за здравство Венко Филипче оваа состојба ја оценува како “новото нормално“.
Бројот на заразени, наместо да се намалува, вртоглаво расте. За само 24 часа имаме 38 новозаразени. Расте и бројот на починати. Само вчера имавме три нови жртви.
Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 2.077 заболени од коронавирус, починаа 121, а оздравени се 1.486 лица.
Македонија е на врвот на црните статистики во регионот. Пресметано на милион жители, само Србија има повеќе заразени и починати од Македонија.
И додека стравот кај граѓаните расте, Филипче убедува дека животот се враќа во нормала!
-Почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите, се враќа слободното движење, а наскоро ќе се отворат и границите. Се отвораме како што тоа го прават сите земји околу нас и во светот, посочува Филипче.
Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена: Македонија – 4,73%, Бугарија – 2,52%, Србија – 1,62%, Хрватска – 0,21%, Грција – 0,14%, Црна Гора – 0%.
Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот за последните 7 дена: Македонија – 91, Бугарија – 31, Србија -85, Хрватска – 4, Грција- 4, Црна Гора – 0, Албанија – 33.
Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители во последните 7 дена споредбено со земјите на Балканот:
Македонија – 8, Бугарија – 2, Србија – 2, Хрватска – 1, Грција – 1, Црна Гора – 0, Албанија – 1.
ВМРО-ДПМНЕ вчера објави видео со овие статистики:
Министерот за здравство пласира смирувачки информации до македонската јавност, која пак, е соочена и со реалната слика на состојбата. Филипче не може да ги сокрие поразителните бројки кои се случуваат во Македонија. Не може тој да сокрие број на жртви, број на заразени или реалната опасност со која се соочени македонските граѓани.
Владата на СДСМ, која всушност и го стави Филипче на оваа позиција, има една единствена цел- да оди на избори додека народот стравува за своето здравје.