Премиерот Зоран Заев си дозволи пациентите и децата кои страдаат од епилепсија да ги прогласи за ненормални со неговата изјава. Имено лицата кои страдаат од епилепсија се со интелегенција, работоспособност, продуктивност и невролошки уредни и нормални како и останатата популација, освен некои состојби каде епилепсијата е предизвикана од друга болест која е причина за неспособност, вели доктор Игор Кузмановски, генерален секретар на Македонската лига против епилепсија коментирајќи ја изјавата на Заев дека ако децата со епилепсија земаат масло од канабис ќе бидат нормални .
Доктор Кузмановски информира дека станува збор за бројка од околу 20 илјади лица, меѓу кои и деца кои страдаат од епилепсија во Македонија кои се чуствуваат во најмала рака на вредени и понижени.
-За информација на Заев еден од дериватите-алкалоиди кои ги содржи растението канабис таканаречен ЦБД (Канабидиол) се користи единствено како дополнителна терапија за само два епилептични синдроми кај детската популација. Тоа се мошне ретки синдромии не се повеќе од еден процент од сите епилепсии, посочува Кузмановски.
Според него за истите има само еден од одобрен препарат во светов од Американската асоцијација за храна и лекови и тоа Епидиолекс раствор кој содржи само ЦБД, и тоа непсихотропно.
-Лекот се произведува единствено во Америка, а Македонија колку што знаеме сеуште нема дозвола за извезување на Канабис и негови деривати, така да плантажите за одгледување на канабис во Македонија цитирам не ги прават нормални децата во Македонија и пошироко, вели Кузмановски.
Инаку растението Канабис содржи повеќе од 100 други деривати-алкалоиди од кои некои и мошне психотропни и недозволени и се предмет на злоупотреба.