Медицинска сестра од Куманово била позитивна на новиот корона вирус, иако одела на работа и не чувствувала никакви симптоми.
Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче кој порача дека во текот на вчерашниот ден медицинската сестра била со покачена температура.
„Таа e од Куманово и работела на Клиника за пулмологија. Медицинската сестра вчера почувствувала зголемена телесна темература и откако и бил направен тест, констатирано е дека таа е позитивна на вирусот. Додека одела на работа, била со целосна заштитна опрема, маска и ракавици“, истакна Филипче.