Врнежи од дожд, а на повисоките места и снег најавуваат метеоролозите од недела вечер и почетокот на наредната недела.
Од УХМР информираат дека од утре ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер. За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.
Минималната температура утре ќе остане под нула и ќе се спушти до минус седум, во петок до минус девет, сабота минус осум, недела доминус четири, во понеделник ќе биде потопло и ќе се движи од еден до пет степени и во вторник ќе се спушти до минус три степени.
Дневните температури ќе бидат во интервал од три до 13 степени.