Лицата од пулмонална хипертензија имаат право на терапија во својата држава, наместо да се малтретираат во соседните држави.

Лицата кои боледуваат од  пулмонална хипертензија во државите во регионот ги имаат потребните лекови за лечење. Но во нашата земја е поразлично. Македонија заедно со Албанија, односно само болните во Македонија и соседна Албанија одат во други држави по лекови.

Според сознанијата во Косово има само едно лице кое боледува од пулмонална хипертензија и се лечи со помош на донации. Додека пак Македонците кои боледуваат од истата болест одат на терапија и лекување во соседна Бугарија. Во нашата земја има три деца кои боледуваат од пулмонална хипертензија, од кои едното ја очекува основната терапија. Од повозрасните лица боледуваат 7 кои исто така ја чекаат потребната терапија за лекување.

За еден пациент кој 2 години без соодветно објаснување немаше терапија се врати на листата за третман. Се уште сме во процедура на докажување дали нашата дијагноза е ретка или не, а доколку не се третира преживувањето е 3 години. За сега сите пациенти се на третман од сопствен буџет како и знаат и умеат се снаоѓаат со донации, со продавање на имот, и со задолжувања. Некои чекаат за третман и по 3 години.

Според статистички податоци  едно лице на 67.000 во сите форми е инциденцата, односно бројката на ново заболени со оваа дијагноза. Во основа болеста е многу тешка но со правилен третман заболените истите можат да живеат и неколку децении.  Во Македонија најстар регистриран случај и прв по нашите сознанија е од 1977 и истиот е починат пред 2 години.

Деновиве во јавност излезе мајката на осумгодишно девојче кои има пулмолна хипертензија. Девојчето боледува и од срцева мана. Едниот лек девојчето го добива согласно програмата за ретки болести, но потребен е паралелно уште еден кој чини, а го купуваат во Бугарија.

За да се помогне на овие лица кои боледуваат од пулмонална хипертензија е потребно самото министерство да овозможи вакви лекови да има и во државата, така на заболените лица ќе им помогне да ја добиваат својата терапија редовно без да се малтретираат одејќи по соседните држави.