Секоја ноќ по 10 до 12 пациенти со Ковид-19 завршуваат во ГОБ„8 септември“. Така е цела седмица. Напливот од пацинети започнал во неделата, дури еден ден биле хоспитализирани 17 пацинети, одеднаш. Центарот за Ковид-19 кој е распространет на шест одделенија и зафаќа 60 проценти од болничките капацитети е полн со пацинети, вели за НОВА, проф.д-р. Христијан Костов, директор на болницата.
„Напливот од пациенти започна одеднаш во неделата и еве цела недела имаме нови пацинети. Секоја вечер возилата на Итна медицинска помош ни носат по 10 -12 пациенти. Не знам што се случува, многу бргу завршуваат на респиратор“, изјави за НОВА, Костов.
Вчера таму имаше вкупно 34 пацинети, на респиратор 8, a со потешка клиничка слика уште седум пациенти, како и уште 15 суспектни кои чекаа потврда за брисеви.