Здравјето на забите е многу важно за целокупната здравствена состојба, но и за поубав изглед. Со насмевката, меѓу другото, оставате прв впечаток, а доколку забите не ви се најрепрезентативни, сигурно нема да го постигнете саканиот резултат. Но, по овие неколку совети, сигурно повеќе ќе се смеете.

1. Џвакање крцкаво овошје и зеленчук
И свежото овошје и зеленчук може да помогнат во избелувањето на забите, а наедно со тоа се отстрануваат бактериите меѓу забите, како и дамките и жолтилото. Најдобар ефект има ако џвакате ротквичка, јаболко, целер, морков… Сепак, не треба да се надевате на драстична промена во бојата, бидејќи оваа постапка е поделотворна за спречување на жолтилото, отколку за негово отстранување.

2. Паста за избелување
Овие пасти им се достапни на сите, но тие само ги отстрануваат површинските дамки, а бојата останува иста. Со други зборови, доколку забите со текот на годините ви пожолтуваат, употребата на пастата нема да има голем ефект. Сепак, тие се добри за одржување на хигиената и не се агресивни.

3. Ленти за избелување

Една од најпопуларните домашни методи за избелување се лентите што содржат хидроген пероксид, кој се користи и при професионалните третмани. Најдобро е да се комбинираат со паста за избелување, но, внимавајте, повеќето ленти не е препорачливо да се користат повеќе од две недели.