Уште од припитомувањето на првото куче, луѓето се обиделе да ги скротат овие животни и да ги обучат да извршуваат задачи по заповед. Наскоро станало јасно дека некои раси се поуспешни во ова и можат побрзо да ги научат командите, додека со други треба повеќе трпение.

Не случајно белгискиот овчар е една од најпаметните раси, па толку често се чува и одгледува како полициско куче. Следат неколку раси коишто не се толку интелигентни.

Авганистански ‘рт

И покрај тоа што е едно од најскапите кучиња во светот, според познавачите, авганистанскиот ‘рт има најниска интелигенција од сите раси на кучиња.

Се работи за енергично, разигрно куче кое е дружељубиво кон странци, но очекувајте никогаш да не совлада повеќе од неколку најосновни трикови со кучиња. Меѓутоа, бидејќи овие кучиња се познати како независни и „многу силни по волја“ т.е. тврдоглави, тие едноставно не се грижат да ги следат наредбите. Наместо тоа, тие претпочитаат своето време да го посветат на членовите на семејството и играњето со други домашни миленици.

Басенџи

И ова куче, инаку со потекло од Средна Африка, исто така, е познато по неговата независност и одвоеност. Некои луѓе ја споредуваат оваа раса со мачките, поради некои одлики, како што е тоа дека тешко учи наредби. Одгледувањето басенџи може да изгледа како припитомување диво животно, но од друга страна, тие се многу љубопитни, дружељубиви и разиграни, а сепак, понекогаш, и будни и претпазливи.

Англиски булдог

Воопшто, булдозите се исклучително популарна раса којашто, исто така, се најде на листата на не толку паметни кучиња. Овде спаѓа и англискиот булдог, за којшто се вели дека е „третата најглупава“ раса.

Англиските булдози имаат ниска интелигенција, но тоа понекогаш може, едноставно, да се должи на мрзеливост. Сепак, она што му недостига во интелигенција, булдогот го надополнува со својот послушен темперамент.

Чау-чау

Можеби изгледаат како мечиња за гушкање… Но, овие кучиња првично биле одгледувани како кучиња чувари, ловци или влечни кучиња. Нивната личност е посериозна, независна и повлечена отколку слатка и шармантна. Нивната силна волја и тврдоглавост ги отежнуваат тренирањето, што ги става на листата на најглупи раси на кучиња.

Крвав ‘рт

Кучињата „сентхјубертинци“, како што поинаку ги нарекуваат, тешко се тренираат бидејќи се премногу расеани, од сите прекрасни мириси коишто „чекаат да бидат истражени“ од оваа љубопитна раса. Нивната безгранична енергија, тврдоглавост и немилосрдност кога станува збор за истражување и душкање е тоа што ги сместува меѓу најмалку интелигентните, но и најпребирливите раси.