Утрово со директорката на Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, Билјана Димитрова одржавме конструктивна средба на која разговаравме за придобивките од акредитацијата на здравствените установи и идните планови за развој на установата, информира доктор Игор Николов.

-Примена на утврдени стандарди во здравството води до докажани придобивки во развојот на услугите и подобрување на квалитетот. Обезбедува континуиран развој на здравствените установи преку циклуси на постојано подобрување на квалитетот, безбедноста на здравствените услуги и стручноста на здравствените работници. Акредитацијата всушност значи дека здравствената установа е постојано посветена на подобрување на своите услуги и подобрување на своите услуги и постигнување на оптимален стандард на грижа за пациентите, а дополнително се дава можност пациентите да учествуваат поактивно во остварувањето на нивните права, како и позитивни промени во целина, посочи тој.