Сто седумдесет и пет нови случаи на коронавирусот се откриени во изминативе 24 часа, а пет пациенти починаа, покажуваат податоците на министерството за здравство. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 18 оздравени пациенти.

Од новодијагностицираните дури сто триесет и еден од се од Скопје. Министерот за здравство вели дека причината е секогаш иста, а тоа е собирање во групи и непочитување на мерките. Семејни прослави, свадби и групирање на повеќе лица без да се носат маски ова вели министерот е секогаш причината за

„И покрај забраната луѓето прават масовни собири. Нешто што апсолутно нема логика и го осудувам и сите здравствени работници го осудуваат. Ние имаме пациенти кои што доаѓаат поради тоа што не ги почитувале мерките. Не може да се прават свадби кога тоа не е дозволено. Има и нови кластери но во рамкиите на Скопје се уште станува збор за второ или трето колено од каде што почна вториот бран.“ – изјави Филипче.

Од потврдените случаи на коронавирусот четворица се вработени во МВР. Меѓу нив е и претседателот на независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев. Од МВР за ТВ 24 велат дека со новорегистрираните, моментално има вкупно 39 вработени кај кои што е потврден вирусот, а 170 се во изолација.

На клиниката за гинекологија пак 17 лица од медицинскиот персонал се во изолација, откако родилка која била во болницата криела податоци дека член на нејзиното семејство бил позитивен на вирусот. Родилката потоа се испостави дека исто така е позитивна на вирусот.

Со ваков ист проблем се соочуват и во гинеколошката болница во Чаир. И тука пациентки криеле дека нивни блиски се заразени со коронавирусот по што се потврдило дека и тие се позитивни. Во моментов 18 лица од медицинскиот персонал се во изолација. Министерот за здравство апелира пациентите да кажуваат точни информации и да не ги лажат лекарите.

„Тоа е нешто што не е дозволиво. Не можеме ние да ставаме здравствени работници во изолација сега кога највеќе се потребни на здравствениот систем заради тоа што некој не ја кажува вистината. Тоа е загрозување на здравствениот систем и на јавното здравје и се разбира на индивидуалното здравје на медицинскиот персонал. Не смее да се случува и мора да се свесни луѓето дека оваа е сериозна работа и дека носат одговорност.“ – рече Филипче.

Во Скопје во моментов има 960 активни случаи на коронавирусот. Од нив најголем број од заболените односно 209 се од Чаир, 76 од Бутел, Аеродром-75, Гази Баба-75.