Македонија денеска донесе одлука да се затворат сите основни, средни училишта, градинките и факултетите.
Сепак најголема мака во овие моменти имаат родителите на децата кои одат во градинка и на оние кои имаат до 10 години и одат на училиште.
Во врска со ова прашање министерот Венко Филипче изјави дека еден родител на дете до 10 годишна возраст ќе му биде дозволено да отсуствува од работа и истото ќе му биде целосно платено затоа што ние административно ќе го известиме Министерството за труд и социјална политика во рок од 14 дена.
-Сакам да упатам и апел да се почитува практично мирувањето и седењето дома и да не се претвори ова во едно масовно посетување на игротеки како што беше случајот со епидемијата на морбили, бидејќи оваа мерка нема да има смисла, децата да мируваат дома рече Филипче.
Тој додава дека ова важи за државните и приватните институции, а доколку некој не го почитува ова следува казна согласно членот 205 и 206 од кривичниот законик!
Тој додава и да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.