Во најновото американско истражување, научниците дошле до заклучок дека постои нераскинлива врска меѓу навиката во одење и здравјето. Нивните резултати покажале дека 100 чекори во минута се минимум чекори кои се неопходни да го забрзаат вашиот пулс 50 до 70 посто. Тоа е 1,7 чекори во секунда, што се чини возможно. Ова е безбедна активност за сите луѓе до 60 години.

Оваа активност треба да ја практикувате секој ден по половина час, одредете си некое пролазно време како да се подготвувате за маратон и  сигурно дека ќе направите 3.000 чекори за толку време. Доколку вам на почетокот ви се забрзува чукањето на срцето, немојте да паничите бидејќи тоа е нормално и не би требало да биде опасно за сите здрави личности.

Доколку сакате поинтензивно зголемете го бројот на чекори, но држете се до 100 чекори во минута бидејќи така ќе имате бенефит за телото. Со оглед на резултатите, дури и обична прошетка низ парк може да биде од корист.