Ви треба:
300 грама мелена риба по избор
3 сецкани чешниња лук
1⁄2 китка сечкан магдонос
оригано по вкус
сок од 1⁄4 лимон
грст сечкани ореви
бибер и сол
100 гр посен мајонез
Подготовка:
Додадете ги сите други состојки во рибата, зачинете, па префрлете ги во блендер или користете миксер за пирење.
Во пасираната смеса додадете сечкан лук, ореви, оригано, магдонос и сè убаво измешајте.
Сечканите парчиња лук и ореви и даваат на оваа паштета посебен вкус и арома.