Тинктурата од цитрон многу лесно се приготвува, а многу е значајна за здравјето на целото семејство.

Цитроните се овошје кое се препорачува најчесто во диети за лица кои сакаат да ослабат, а треба да го одбегнуваат лица кои пијат лекови за регулирање на високиот крвен притисок, бидејќи го поништува дејството на овие медикаменти.

Ако 20 минути пред оброк изедете цитрон, тој ќе ви овозможи добро варење на храната. Сокот и самиот плод многу добро делуваат врз гастроинтестиналниот тракт и помагаат кај болести кои се поврзани со варењето на храната.

Покрај плодот и сокот од цитронот, кората е исто така исклучително корисна и претставува одличен лек против ждригавица и болки во стомакот.

Изрендајте кора, а потоа добро исушете ја и земајте по една лажичка дневно, полека џвакајќи.

Корисните својства на цитронот помагаат кај кардиоваскуларните болести, а препорака е да се јаде по еден цитрон дневно.

Супстанциите содржани во пулпата и сокот на ова овошје го намалуваат холестеролот во крвта. За да спречите срцеви болести, се препорачува ова овошје да го јадете за појадок и тоа неколку денови по седмицата.

ТИНКТУРА:

Семето од цитронот и неговата кора се разликуваат од другите агруми бидејќи содржи посебна горчина. Оваа горчина заедно со есенцијалните масла е најдобриот природен антибиотик. Не’ спасуваат од стотици паразити и патогени во микрофлората, а што е најважно од габични болести во цревата.

Тинктурата се приготвува така што семките и кората кој треба ситно да се исечка, се ставаат во стаклена тегла и се преливаат со ракија. Се остава 10 дена на отстои на собна температура, добро затворено и подалеку од сонце.

Оваа тинктура после 10 дена се консумира двапати дневно пред оброк по една лажица. Вкусот е многу пријатен.

Овој лек можат да го користат и големи деца во разблажен облик со вода, а особено ако имаат кандидијаза.

ЛЕКОВИТО МАСЛО:

Кора и семки од цитрон се оставаат во тегла и се преливаат со маслиново масло. Се остава на темно и ладно место околу еден месец, а подоцна со ова масло се лекуваат габични инфекции на нокти и стапала.