После одржан состанок и средба со родителите, персоналот на градинката „Буба Мара“, заедно со родителите и директорката воочиле неколку работи што не функционираат во контекст на претходно изречените обвиненија против оваа установа. Едното од нив било дека не е возможно било кое од децата да биде затворено во шкаф, како и тоа дека дете не избегало од градинката во текот не претходните неколку дена.
Родител ни посочи дека може персонал нема доволно, може групите се пренатрупани меѓутоа тоа што го видовме денес на состанокот само потврди дека поголемиот дел од обвиненијата се неосновани. Воспитувачите се грижат за децата, родителите се задоволни од персоналот.
Иако претходните неколку дена можеше да се слушнат информации дека одговорните во градинката „Буба Мара“ во населба Аеродром недоволно се грижат за децата, дека како казнена мерка се користи затворање на децата во шкафчињата со намера „да ве јадат бубачките“, но денес после се тоа се испостави дека не е точно.
На крај само може да се каже дека и покрај се, покрај сите обвинувања, точни или неточни, покрај сите сомнежи што постојат кај некои родители или се сигурни и релаксирани каде ги оставаат и на кого децата, едно мора да има, а тоа е соодветна грижа за децата, внимателен и грижлив персонал, соодветни услови, како и доволно вработени.