Повеќе од 5 илјади лица живеат со дијабетес во Охрид и околината, но загрижува фактот што овие бројки секојдневно се менуваат и се намалува старосната граница. Недостиг на инсулин, игли и ленти за мерење шеќер во крвта се едни од најголемите проблеми со кои се соочуваат дијабетичарите.
Расте бројот на заболени од дијабетес во земјава. Стареењето на популацијата, урбанизацијата, и нездравата храна се дел од причините.Од Здружението на дијабетичари во Охрид кое брои 60-тина регистрирани членови посочуваат дека мора да се подигне јавната свест за дијабетесот, но и да се обезбеди едукација и подобри здравствени услуги за лицата со дијабетес.
Инаку, бројот на лица заболени од дијабет од година во година се зголемува и на глобално ниво и се очекува по некои светски прогнози до 2045 година бројката да надмине над 700 милиони заболени од дијабет.