Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе му предложи на Парламентот да одобри трето 15-дневно продолжување на рестриктивните мерки со цел запирање на ширењето на пандемијата на новиот коронавирус.
Според предлогот, рестриктивните мерки треба да бидат во сила до 9 мај.
Санчез додаде дека сака ограничувањата за најмладите да бидат олеснети, така што од 27 април на децата ќе им биде дозволено да излегуваат надвор, но „со ограничувања и под услови што овозможуваат да се избегне зараза“.
Шпанија започна да ги олеснува ограничувањата што ги воведе на 14 март со активирање на некои економски сектори, вклучително и производството.
Сепак, мнозинството граѓани се уште се наоѓаат во своите домови, а можат да излезат надвор само за итна потреба – до продавница или аптека и лекар.