Секојпат кога сакаме да ослабнеме, почнуваме да ги мериме калориите.
Поточно речено, ги ограничуваме, што може да биде исплатливо во кус рок, се додека сето тоа не не проголта…
Но, пред да дојдете до тоа ниво на лудило, слушнете го советов и прекинете да се опседнувате со бројките. За тоа има неколку причини…
Ќе бидете посреќни!
За секоја телесна трансформација е потребно време и труд. Давајќи си себе мала пауза од строгите правила, ние всушност си подаруваме опуштеност, која не прави посреќни, секако. И науката докажа дека тоа секогаш е корисно – малку да ги „поткршиме“ правилата, оти така и полесно се стигнува до целта.
Ќе имате повеќе енергија!
Кога сме фокусирани на калориите, а не на прехранбената вредност на она што го јадеме, многу е веројатно да посегнеме по понеквалитетна храна, која значи и помало ниво на енергија во организмот. Здравите протеини, што се содржат во зеленчукот и житарките, се секогаш добар избор за нашата енергија.
Повеќе ќе уживате во храната!
Верувале или не, и доколку не мислиме постојано на бројот на калории, можеме да уживаме во здравата и квалитетна храна. Ако не знаеме како, интернетот е полн совети, вкусни трикови и здрави рецепти.
Ќе внесувате повеќе здрави масти!
Постојат корисни и штетни масти. Оние првите, што ги има на пример, во авокадото и во интегралните житарки, ни помагаат да се чувствуваме сити подолго време, па помалку е веројатно дека би посегнале по оние другите – штетните масти.
Ќе ослабнете!
Кога еднаш ќе почнеме да јадеме здрава храна, со помал број калории, оти нели, тоа е добро за нас, нашето тело и за бројките на вагата, тогаш се оди само на подобро. Или барем така би требало да биде…
Истражување на Калифорнискиот универзитет покажа дека жените кои држат строга диета со ограничен дневен внос на калории, имаат повисоко ниво на кортизол, хормонот на стресот, којшто пак, го зголемува апетитот, поради што се постигнува спротивен ефект.