Внимателна анализа на доказите за криминал на Струмичката група кои можат да се видат во видеото што го објавува Ла Верита покажува не само политичка желба да се победи по секоја цена туку и нечовечен однос кон луѓе само затоа што гласале за друга опција, пишува Експрес.
Од низата фрапантни човечки судбини најинтересно е барањето на луѓето на Заев да се избрка девојката која ги чувала децата на бизнисмен член на фамилијата Заеви затоа што наводно гласала за ВМРО-ДПМНЕ.
Како Заеви знаеле дека некој гласал за некого е посебна приказна.
Во видеото на Ла Верита ги има истите докази што ги поседувале и обвинителството и Вилма Русковска но тие не виделе никаква основа за сериозна истрага и покренување обвинение знаејќи дека освен законите во случајот се кршеле и индивидуални човекови права.