Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе умираат, Шилегов се фати за музика – подобро е да се фати за работа

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагира за, како што велат,  отсутноста и одлепеноста од реалноста на градоначалникот Петре Шилегов. -Додека луѓе умираат од коронавирус на Шилегов му дојде до музика и…

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагира за, како што велат,  отсутноста и одлепеноста од реалноста на градоначалникот Петре Шилегов.

-Додека луѓе умираат од коронавирус на Шилегов му дојде до музика и дава субвенции од 14.500 денари за часовно пеење на некој од скопските кровови. Дефинитивно Шилегов ги помешал приоритетите. За Шилегов приоритет се песните а не гужвата со автобусите на ЈСП. За Шилегов приоритет е пеењето по кровови, а не чистењето на ѓубре по улиците. За Шилегов приоритет е трошењето пари за забава, а не за чистење на еколошката бомба Вардариште, се наведува во нивното соопштение.

Бараат негова оставка.

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поддржува проекти од уметноста, но во услови на здравствена криза Шилегов работи се друго, освен тоа што е најприоритетно за скопјани. Тој секој ден покажува дека единствениот спас за Скопје е негова оставка, со што Скопје ќе биде спасено од неговата неспособност, порачува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Related Articles