Денес во просториите на МТСП Државниот секретар Флакрон Беџети имаше работна средба со претставници на Експертската мисија ва рамки на проектот EU Socieux кофинансиран од Европската Унија за размена на податоци и информации во рамките на шемата за координација на системите за социјално осигурување.
Воедно, Државниот секретар Беџети ја отвори работилницата и притоа ја истакна заложбата за овој проект во корист на граѓаните.
Во рамките на оваа работилница се разменија мислења и информации за подготовка на капацитетите на институциите за системот на социјално осигурување во поглед на прилагодување и идната интеграција на системите за пензиско, инвалидско, здравствено и социјално осигурување и за негово интегрирање во механизмите за координација на податоци за идна интеграција во EESSI (Електронска размена на информации за социјално осигурување).