Со повеќе активности во земјава се одбележува Светскиот ден на даунов синдром – 21 Март. Централниот настан се одржа денеска во Кинотеката во Скопје.
Како продолжение на минатогодишниот проект „И јас сакам да бидам балерина“, ќе биде претставен дел од работата на Анастасија Центарот од Битола преку документарниот филм за снимањето на музичкиот видео запис за новата песна на Стефанија „Hey you listen”.
Утре, ќе се одржи настанот “I’m rocking this extra chromosome” на кој ќе се продаваат дизајнирани маички на тема Даунов синдром изработени од учениците од средното училиште „Здравко Цветковски“.
На 24 март ќе се одржи трката RUN FOR DOWN во организација на мечувалечкиот клуб Ескрим во Градскиот парк.